Продолжува серијата слаби земјотреси кои утринава почнаа на Балканот, повторно во Србија. Овој пат тлото се затресе прво во Мајданпек (1,8 степени по Рихтер), а потоа и во Краљево со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, во рок од еден час.
Земјотресот во Мајданпек се случи во 12.06 часот, со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 4 километри, додека земјотресот во Краљево е регистриран во 13.08 часот на длабочина од три километри, јавува Сеизмолошкиот Институт на Србија.