Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ќе го претстави „Пакет за демократизација“, најголем пакет уставни реформи во новата исотрија на Турција.
Содржината на пакетот уставни реформи третира најчувствителни општествени прашања во таа држава и се работи за најголеми уставни реформи од времето на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, јави Анадолија.