Албанската полиција во близина на Корча запленила 200 килограми марихуана, чија крајна дестинација бил грчкиот нарко пазар, јави дописникот на МИА од Тирана.
Нарко шверцерите кога забележале дека ги следи полицијата, на влезот во селото Лесковик, ги напуштите трите возила со кои ја транспортирале дрогата, две марка „мерцедес“ и едно возило „Фолксфаген“ и благодарение на непристапниот терен успеале да и избегаат на полицијата.
Ова е втора успешна акција на албанската полиција, во последните неколку дена.
Претходно кај приморскиот град Валона заплени 350 килограми марихуана. Во последните денови од минатата недела грчката полиција во две одделни акции заплени околу 400 килограми марихуана, во близина на грчко-албанската граница.