Менаџерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола, изјави дека се подготвува за пензија и дека премиерлигашот ќе биде последниот клуб во неговата кариера.
– Ќе бидам во Манчестер Сити во наредните три сезони, можеби и малку подолго, но се ближам кон крајот на својата кариера, сигурен сум во тоа. Немам намера да бидам тренер на 60 години. Полека се ближи крајот на мојата кариера – изјави шпанскиот тренер.
Гвардиола кој за 15 дена ќе наполни 46 години, во јуни стана менаџер на Манчестер Сити, откако претходно три години беше предводник на минхенски Баерн, а тренерската кариера ја започна во шпанска Барселона.