Шест години постоење на „Театар Провокација“

Од:

По повод шест години од постоењето на независниот театар „Театар Провокација, утревечер во Младинскиот културен центар (МКЦ) премиерно ќе биде изведена претставата „Земја на штркови“.

– Претставата „Земја на штркови“ е за големиот бран на иселување на младите луѓе од својата татковина. Оваа претстава и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини, соопшти „Театар Провокација.

Досега „Театар Провокација“ ги реализираше следниве претстави: „Скандал“, „Ожени ме“, „Разведи ме“, „Пациенти“, „Земја на штркови“, како и претставите за деца: „Веселиот Дедо Мраз“, „Како ли да го задржам Дедо Мраз кај нас“, „Зеленковци“, „Јас сум Акико“, „Другарство“, „Штурците и мравките“.

„Театар Провокација“ учествувал и на два фестивала: Фестивал на балканската независна театарска сцена „Провокација“ и Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ – Неготино.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка