Професори од Оксфорд во посета на Македонија

Од:

Во Археолошкиот музеј на Македонија (нов објект) денеска ќе се одржи средба помеѓу Dr. Phillip Niewohner, Prof. Andrew Wilson и Prof. Mark Pollard, професори од Универзитетот Оксфорд и проф. д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.
На средбата ќе присуствуваат и Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија и проф. Славица Вајт, директорка на фондацијата „Кирил Трајковски“.

Иницијативата за посета на Македонија од страна на професорите од Оксфорд е на фондацијата „Кирил Трајковски“, а се реализира во соработка со Управата за заштита на културниото наследство и Археолошкиот музеј. Целта е размена на искуства и соработка со универзитетот Оксфорд.

За време на престојот кој треба да трае до 3 октомври, професорите од Оксфорд ќе посетат повеќе македонски градови, археолошки локалитети, сакрални споменици и други културни богатстава.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ