Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко помилува 29 лица кои, како што се наведува, извршиле екстремистички злосторства, соопшти денеска неговиот кабинет.

Сите тие се покајале за својата постапка и испратиле барање до претседателот на државата за помилување. Се работи за 11 жени и 18 мажи, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Белта.

Според извештаите, меѓу нив има шест лица помлади од 25 години, тројца пензионери, двајца инвалиди и 15 хронични пациенти.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку самиот Зеленски

А1он

Лукашенко: Нападот на Белорусија ќе значи почеток на Трета светска војна

Горан Наумовски

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија