Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад. Како што се наведува во вчерашното соопштение на руското Министерство за надворешни работи, Асад поднесе оставка од функцијата претседател на Сирија и ја напушти земјата, давајќи инструкции за мирен трансфер на власта.
Подоцна, извор во Кремљ објави дека Асад и членовите на семејството пристигнале во Москва.