Си-Ен-Ен: Русија ги повлекува војниците од Сирија, но не можат сами, побарале помош од Турција

Од:

Руските сили побараа поддршка од Турција за безбедно излегување од Сирија по ненадејната офанзива на исламистите што резултираше со промена на режимот, објави Си-Ен-Ен Турк.

Според турскиот огранок на Си-Ен-Ен, Русија планира да ги повлече копнените сили, но барањето не се однесува на нејзините поморски и воздушни бази во Тартус и Хмејмим.

Руските војници треба да бидат преместени во делови од Сирија кои се под контрола на Турција, а потоа по воздушен пат да бидат евакуирани во Русија.

Руските сили ги користеа базите во 2015 година за да му помогнат на својот сојузник, сега соборениот претседател Башар ал Асад, да ги уништи сириската опозиција и терористите на Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск