(ВИДЕО) Алавитите масовно бегаат кон бреговите на Сирија, ги засолнуваат своите најблиски

Од:

Сиријците масовно бегаат од градот Хомс откако бунтовниците го зазедоа блискиот стратешки важен град Хама во блиц-офанзива што и нанесе тежок удар на владата на претседателот Башар ал Асад.


Лоциран јужно од Алепо, стратешкиот град Хама е клучот за патот до Хомс, четириесет километри на југ, и до главниот град Дамаск, два големи града кои сè уште се во рацете на владата.


Во четвртокот вечерта, десетици илјади жители на Хомс, главно членови на алавитската заедница од која припаѓа претседателот Асад, побегнаа на западниот брег, извести Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).


Бунтовниците предводени од екстремистичката исламистичка Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) започнаа ненадејна офанзива на 27 ноември од нивното упориште во Идлиб, на северозапад, заземајќи десетици места, поголемиот дел од северниот дел на Алепо, а сега и Хама.

Во престрелките загинаа повеќе од 800 луѓе, тврдат невладината организација.

– Она што се случи денеска во Хама е привремена тактичка мерка, нашите сили се уште се блиску до градот – изјави сирискиот министер за одбрана Али Абасо за „прераспоредувањето“ на владините трупи.

Но, жителите на Хомс, третиот по големина град во Сирија, велат дека стравуваат од напредување на бунтовниците.

– Стравот владее со градот – изјави за АФП Хајдар, жител на алавитска населба до кој стигна телефонски, кој се обидува што поскоро да побегне во Тартус, упориште на алавитите на западниот брег, каде што веќе ги евакуирал своите родители.

Откако бунтовниците влегоа во Хама, жителите излегоа на улиците ги поздравија бунтовниците и го запалија џиновскиот портрет на сирискиот претседател што висеше на зградата на општината.

Би можело да ве интересира

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Русите се повлекуваат од базите во Сирија

ВИДЕО: Масовна гробница со 100 000 илјади тела откриена во Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Каја Калас: ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија додека не се обезбеди заштита на малцинствата и жените