Војдан Стојановски го освои Супер купот на Германија

Од:

Војдан Стојановски стигна до својот прв трофеј како играч на Алба Берлин откако синоќа славеше во Супер-купот на Германија против Бросе Баскетс со 79:78.

Алба е освојувач на Купот на Германија од минатата сезона, додека Бросе Баскетс е актуелен првак, па поради тоа триумфот дополнително добива на значење. Натпреварот се играше во 02 арената во Берлин пред околу девет илјади гледачи, најголем дел од нив навивачи на домашната Алба.

Иако нов играч во тимот, Стојановски беше еден од најдобрите со 11 постигнати поени, колку што имаше и Волфарт-Ботерман, а најефикасни беа Логан и Радошевиќ со по 16. Прв стрелец на натпреварот беше Сандерс од екипата на Бросе Баскетс.

Супер-купот на Германија е генерална проба и најава за новата сезона во германското првенство која почнува веќе в среда.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ