Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се сретна со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ – Каја Калас.
Тоа е нивна прва официјална средба откако Калас ја презеде функцијата на 1. декември оваа година.
По средбата, тој се огласи на својот официјален Инстаграм профил и изјави дека станува збор за отворен и тежок разговор.
– Зборував за европскиот пат на Србија, а високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика зборуваше за неопходноста од воспоставување дијалог со Приштина, решавање на случајот Бањска и воведување санкции против Руската Федерација. Одговорив согласно политиката и интересите на Србија – наведе Вучиќ во соопштението.
View this post on Instagram