Излезни анкети во Романија: Партијата на премиерот Чолаку води на парламентарните избори

Од:

Парламентарните избори во Романија се одржаа меѓу два круга од претседателските избори

Владејачката Социјалдемократска партија освои 26 отсто од гласовите на парламентарните избори во Романија, покажуваат излезните анкети објавени веднаш по затворањето на избирачките места, пишува Euronews.

Врз основа на излезните анкети, се проценува дека идниот романски парламент и влада ќе продолжат со силната проевропска и проукраинска национална стратегија, и покрај зајакнувањето на ултранационалистичките партии.

На второ место со 19 отсто од гласовите е десничарската АУР, а на трето и четврто место се либералите, моментално во коалициска влада со социјалдемократите и проевропската унија за спас на Романија, чиј лидер Елена Ласкони ќе биде во вториот круг од претседателските избори.

Излезните анкети покажуваат дека евроатлантските сили имаат доволно гласови за да обезбедат мнозинство во идниот парламент и дека ќе можат да формираат силна влада, која ќе ја продолжи актуелната политика на Романија.

Умерената и тврда десница значително зајакна и ќе формира силна опозиција во идниот парламент.

Би можело да ве интересира

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“

Русија негираше дека се меша во изборите во Романија

Горан Наумовски

Повеќе од 18 милиони граѓани гласаат за нов парламент во Романија

А1он

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ