Новиот потпретседател на владата во најава, задолжен за борба со корупција и криминал, Александар Вучиќ изјави дека допрва ќе се испитува случајот со „изборната кражба“ но и со сопственоста на медиумите.
Тој најави дека новата влада ќе ја преиспита сопственоста на „Политика“ но и не само на тој весник.
„Сакам да кажам и на овие независни медиуми, кои се некогаш во сопственост на Шапер, некогаш на Ѓилас, некогаш на некои тајкуни, на накои кои добиваат станови , значи на сите, дека допрва ќе видиме како станавте сопственици на „Политика“, а како дознавам денеска и на „Новости“ и на „Вац“, рече Вучиќ.