Египетските власти запленија пет тони марихуана

Од:

Египетските власти заплениле пет тони марихуана во близина на брегот кај летовалиштето Хургада, на Црвено море, соопшти денеска војската.

Дрога е пронајдена во три мали бродчиња, а шестчлениот екипаж е уапсен, се наведува во соопштението, што го пренесуваат француските медиуми.

Во соопштението не е прецизирано кога запленувањето е изведено, ниту од каде дрогата потекнува.

Марихуаната била спакувана во 2.439 пакетчиња, а вкупната тежина изнесувала околу пет тони.

Во Египет нарко дилерите можат да бидат осудени и на смртна казна, потсетуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски