Јавното обвинителство презема активности за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Од:

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Етно-нацинализмот е поттикнат од опозициските партии

ВРЕДИ: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

Осуммина уапсени за вчерашнитеи инциденти со македонското знаме

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ДУИ го осуди уништувањето на македонското знаме, но било реакција на несоодветна полициска интервенција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Искинато македонското знаме, жестоки реакции

Катерина Ѓуровски