132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Од:

Над 130 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите на северот на Сирија, се наведува во денешниот извештај на една невладина организација.

Операцијата беше започната на територијата под контрола на владата во близина на Алепо, се додава во извештајот.

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека „блокирало голем напад“.

Џихадистите, членови на групата Хајат Тахрир ал Шам, започнаа операција во средата на териториите контролирани од сириските власти.

Оттогаш во него загинаа 132 лица.

Меѓу убиените има 64 џихадисти од таа група, 18 од сојузниците и 49 припадници на режимските сили, прецизира Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија