Покојниот египетски милијардер обвинет за силување, во Британија ги истражуваат помагачите

Од:

Британската полиција соопшти дека започнала истрага за тоа дали луѓето поврзани со починатиот египетски милијардер Мохамед ал-Фајед помогнале во наводното силување и сексуален напад на женски персонал во неговата стоковна куќа „Хародс“ во Лондон.

Документарен филм на Би-Би-Си во септември објави дека Ал-Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, сексуално ги нападнал женските вработени, им се заканувал со последици доколку се обидат да се спротивстават.

Ал-Фајед ги негираше сличните обвинувања пред неговата смрт.

„Оваа истрага има за цел да им даде глас на преживеаните, и покрај фактот дека Мохамед ал-Фајед повеќе не е жив за да се соочи со кривично гонење“ вели командантот Стивен Клејман од лондонската Метрополитен полиција.

Тој не прецизираше колку лица се под истрага.

Адвокатите кои ги застапуваат жртвите рекоа дека злоупотребата се случила не само во „Хародс“, туку и на други локации поврзани со деловната империја на Ал-Фајед, како фудбалскиот клуб Фулам, хотелот Риц Париз и неговиот имот во Сари.

Според документарецот на Би-Би-Си, „Хародс“ не интервенирал, туку помогнал да се прикријат наводите за злоупотреба додека Ал-Фајед бил сопственик.

Раководството на луксузната лондонска стоковна куќа „Хародс“ се извини, велејќи дека се „згрозени“ од обвинувањата. Тие започнаа процес за сите сегашни или поранешни вработени во „Хародс“ кои сакаат да бараат компензација, иако тоа беше критикувано од адвокатите на жртвите.

Метрополитенската полиција соопшти дека во изминатите два месеци се појавиле 90 жртви и дека ќе ги разгледаат сите извештаи поднесени против Ал-Фајед.

Ал-Фајед изгради деловна империја на Блискиот Исток пред да се пресели во Обединетото Кралство во 1970-тите. Неговиот најстар син Доди загина заедно со принцезата Дијана во сообраќајна несреќа, чии околности Ал-Фајед ги истражуваше со години.

Би можело да ве интересира

Почина Мoхамед ал Фајед

Горан Наумовски

Рама го обвини Мета дека е предводник на опозицијата

(ВИДЕО) Митевски: Марин издал одобрение за градба на зграда кај „Мајчин дом“