Рама го обвини Мета дека е предводник на опозицијата

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на ставот на претседателот Илир Мета за анулирање на изградбата на големата обиколнца во Тирана.

Рама напиша на Твитер дека Мета е најсериозен лидер на опозицијата „читајќи го Уставот идентично како неа“ и пополнувајќи листови со „глупости“.

-Вистината е таа дека Илир Мета е најсериозен лидер на опозицијата. Уставот го чита на ист начин како што тоа го прави таа. Владата ја мрази идентично како и опозицијата, а хаосот му се допаѓа исто како и на нив, напиша меѓу другото Рама.

На реакцијата на Рама експресно реагираше Мета, преку својот портпарол Теди Блуши, оценувајќи ја истата како „ниту малку сериозна“.

Тој наведува дека само за првиот сегмент од обиколницата биле предвидени 18 милиони евра, а на тендерот била избрана фантомска компанија.

Портпаролот на претседателот јавно се прашува дали Владата или Државната агенција за патишта побарале, согласно правилата за јавни набавки, конфискација на оваа вредност за сметка на албанската држава, бидејќи се потврди дека договорот бил поврзан со фантомска компанија.

Околу прашањето на изграбата на големата обиколница реагираше и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој обвини дека протестите на жителите од населбата Астир ги организира опозициската Демократска партија.

Би можело да ве интересира

САД ја истражува „Мета“ за нејзината улога во илегалната трговија со дрога

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

А1он

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

Орце Костов

Ковачевски: Мицкоски станува сабајле и вика јас сега ќе блокирам, тоа е стратегија на опозицијата

А1он

Пратениците од српската опозиција: Бараме предвремени избори

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он