Во напад на руски беспилотни летала врз Киев, три лица се ранети, од кои две се хоспитализирани, соопштија утрово властите во главниот град на Украина.
Остатоците од уништени дрон оштетиле нестанбена зграда во областа Днипро, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.
Шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, изјави дека по полноќ во градот биле активни единиците на украинската воздушна одбрана, пренесува Ројтерс.
Засега не се познати повеќе детали.
Новите напади на Киев следеа откако Русија во вторникот лансираше рекорден број беспилотни летала на Украина, а нападот ја оштети електричната инфраструктура во поголемиот дел од западниот регион Тернопил и станбените згради во регионот на Киев, соопшти агенцијата.