Израел уби 44.249 Палестинци во Појасот Газа

Од:

Најмалку 14 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври минатата година се искачи на 44.249, соопшти денеска Министерството за здравство во палестинската енклава.

Во соопштението на Министерството се додава дека во израелските напади кои траат веќе 417 дена се повредени околу 104.746 лица.

„Во последните 24 часа израелските сили убиле 14 лица, а раниле 108“, соопшти Министерството.

Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Израелската армија ја продолжи војната во Појасот Газа по минатогодишниот напад на Хамас, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) која повикува на итен прекин на огнот.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства извршени на палестинските територии, вклучувајќи го и Појасот Газа.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите акции во Газа.

Би можело да ве интересира

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Газа: Најмалку шест бебиња починаа од смрзнување