Раде Штекли нуди работа, бара приватно обезбедување за плата од 3000 евра

Од:

Раде Трајковски Штекли кој пред извесно време се извлече од третиот обид за убиство бара лично професионално обезбедување. Тој објави оглас на социјалните мрежи. Бара чатворица, кој би работеле на негова заштите, плаќа 3000 евра, но мора да се исполнат неколку услови.

Кандидатите мора да имаат воено или полициско искуство, да имаат дозвола за оружје. Не се пресудни етничката припадност ниту пак полот.

„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се четворица, морално воено или полициско искуство, да поседува дозвола за оружје, плата 3.000 евра (и покриено трошоци за јадење и пат). може од секоја етничка припадност и пол“, се вели во неговата објава.

Штекли неодамна повторно беше мета на напад, кога во дворот на неговиот дом во Ќерамидница беше фрлена бомба. Трајковски помина со полесни повреди. Претходно два пати во него беше пукано во Трговскиот центар Ист Гејт.

Би можело да ве интересира

Се испрашуваат лица кои можеби имаат сознанија за експлозијата во куќата на Раде Штекли

ВИДЕО: Нападот на Раде Штекли бил најавен на ТикТок

Лошо е што криминалните банди си „хараат“, ќе одговриме сурово вели Тошковски

СДСМ: Бомби и криминални пресметки станаа секојдневие поради неспособноста на Тошковски

Катерина Ѓуровски

Трет напад на Раде Трајковски Штекли

Катерина Ѓуровски

Штекли се пофали со раните од куршуми, напиша „Бог ги сака храбрите“ – напаѓачите се уште не се најдени

Анита Петровска Рајковиќ