Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Од:

Поранешната владејачка партија во Грција, Сириза, го избра Сократис Фамелос за нов лидер, кој освои речиси 50 отсто од гласовите на членовите на партијата.

На Фамелос му се спротивставија двајца кандидати, но Павлос Полакис се повлече од трката откако освои 43 отсто од гласовите, пренесува АП.

Како што се наведува, популарноста на левичарската Сириза е во опаѓање, од 35 отсто од гласовите што таа партија ги имаше кога влезе во коалициската влада во 2015 година, на 31 отсто во 2019 година, а на европските избори во јуни оваа партија освои само 19 отсто од гласовите.

Неодамнешните анкети на јавното мислење покажуваат дека поддршката на партијата паѓа на едноцифрена и дека Сириза повеќе не е главната опозициска група во парламентот, бидејќи е заменета со социјалистичкиот ПАСОК.

На претходниот лидер на Сириза, бизнисменот Стефанос Каселакис, му беше изгласана недоверба во септември, а тој викендов најави формирање на нова партија – Движење за демократија.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната