Алија Балијагиќ, осомничен за двојното убиство во градот Соколац во Црна Гора на 25 октомври годинава, денеска беше сослушан пред Вишото обвинителство во Ужице.
Според Павле Маркиќевиќ, висок обвинител во Ужице, против него било поднесено барање за спроведување истрага за недозволено поседување оружје и муниција.
Дополнително, поднесено е барање за проширување на кривичното дело кражба. Тој ги признал делата за кои е обвинет во Србија.
„Тој призна дека украл две пушки во блиската куќа од местото каде што бил уапсен. Третата пушка ја оставил таму, а подоцна била пронајдена, за која рекол дека ја донел од Црна Гора“, рекол Маркиќевиќ, пренесува српски Курир.
Исто така, како што рече Маркиќевиќ, се уште се спроведува истрага, да се провери дали упаднал во други куќи и дали нешто недостасува.
Вишиот обвинител додаде и дека Алија Балијагиќ изјавил дека нема јатак.
Алија Балијагиќ моментално е во притвор во Окружниот затвор во Ужице, а се очекува барање од Црна Гора за екстрадиција на Балијагиќ.
„Алија изгледа сосема нормално. Тој призна се што е обвинет за злосторствата што ги направил во Србија“, дознава Курир од извор близок до истрагата.