Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.
Од семејството потврдија дека Виктор е пронајден и потрагата по него е запрена. Кажаа дека се испитува мотивот за неговото исчезнување.
„Во моментот e во Полициската станица во Куманово, и се испитува мотивот за неговото исчезнување“, изјавила неговата мајката М.Н. која го пријави исчезнувањето.
„На 22. ноември во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41)“ – информираше вчера СВР Куманово.
Семејството побара помош и од граѓаните во пронаоѓањето на исчезнатиот.