Утре повремен снег претежно во западните делови

Од:

Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Во текот на ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер, над 70 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од -1 до 11 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.

Би можело да ве интересира

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

На Пелистер падна снег

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег