Воената база на Соединетите Американски Држави во провинцијата Деир ез-Зор во северна Сирија била погодена со три проектили, објави во четвртокот РИА Новости, повикувајќи се на извор запознаен со случајот.
„Три проектили беа истрелани врз американската база на гасното поле Конико во Деир ез-Зор. Два експлодираа во близина на базата. Еден го погоди нејзиниот југоисточен дел, од каде што се издига силен чад“, се додава во извештајот.