Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Од:

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.

Како што брифираат од Владата, денеска, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.

Со ова, како што се потенцира, Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај.

На вонредната седница на која се расправаше за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, била констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем.

Веќе втор ден на улиците на Градот Скопје сообраќаат по триесетина автобуси на градското сообраќајно претпријатие поради недостиг на нафта. Граѓаните со часови чекаат автобус.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски