Обидите на одредени земји од НАТО да ги олеснат украинските напади длабоко на руска територија со обезбедување ракети со долг дострел нема да останат неказнети, предупреди денеска директорот на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација, Сергеј Наришкин.
Наришкин посочи дека проширувањето на листата на причини за руската употреба на нуклеарно оружје практично гарантира дека Русија не може да биде поразена на бојното поле, пренесува РИА Новости.
Нашите непријатели се принудени да признаат дека решеноста на рускиот претседател цврсто да ги брани фундаменталните интереси на земјата со сите расположливи средства го стеснува просторот за маневрирање на Вашингтон и на Брисел, изјави Наришкин во интервју за руското списание „Национална одбрана“.