Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема

Од:

По одлуката на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на територијата на Русија и обновената руска нуклеарна доктрина, опасноста од ескалација е зголемена до максимум, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Спутник.

Во следните недели и месеци, додаде Орбан, Будимпешта ќе мора да вложи максимално дипломатско искуство и ресурси за да не биде вовлечена во конфликтот во Украина.

Орбан претпладнево одржа седница на Советот за одбрана.

„Со победата на претседателот Трамп на претседателските избори во САД, мирот или барем прекинот на огнот се чинеше опиплив, но провоената влада сè уште е на власт во Америка веќе два месеци. Практично, тоа значи дека Украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а Русите одговорија со усвојување на обновена нуклеарна доктрина. Го слушнав извештајот на Советот за одбрана. „Опасноста од ескалација и ширење на војната никогаш не била толку голема“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Украина: Русите шират дезинформации за бомбардирањето

Нападнат хуманитарен пункт во Херсон

Зеленски: Украина нема доволно сила