Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

Од:

Премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ објави дека првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 29 декември оваа година, рече во обраќањето по седницата на Претседателството на ХДЗ.

„Претседателските избори ќе се одржат на 29 декември, недела“, рече Пленковиќ.

Тоа значи и дека вториот круг, доколку го има, ќе се одржи на 12 јануари.

Тој ја коментираше и одлуката на главниот државен обвинител Иван Турудиќ дека Ускок, а не ЕПЈО, е одговорен за случајот со уапсениот поранешен министер за здравство и вицепремиер на Пленковиќ, Вили Берош.

„Одлуката на ДОРХ беше очекувана, според тоа беше оштетен буџетот на Република Хрватска, нема штета за буџетот на ЕУ. Телата како ЕППО и ДОРХ треба да соработуваат, тие не се некои странци“, рече тој.

Запрашан за оценката на претседателот Зоран Милановиќ дека тој (Пленковиќ) има контрола врз овој случај преку обвинителот Турудиќ, премиерот рече:

„Големиот евроскептик кој се залага за суверенистички пристап сега има проблем што овој случај го истражуваат домашните органи на кривичното обвинителство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Пленковиќ го разреши хрватскиот министер за здравство Вили Берош

А1он

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Хрватска