Папата Франциск денеска, по повод 1.000 дена од почетокот на конфликтот во Украина, го повтори повикот за мир во Украина и порача дека војната секогаш е пораз.
– Војната е секогаш пораз. Повторно повикувам да престане лудилото на насилството. Да се посветиме на праведен и траен мир. Да се молиме за народот на Украина – напиша Папата на платформата „Х“.
Денеска Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната, а досега загинаа илјадници украински граѓани, а повеќе од 6 милиони луѓе живеат како бегалци.
Популацијата на Украина е намалена за една четвртина откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна офанзивата, за која „Гардијан“ оценува дека е најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна.