Акцијата „Стоп, Нови Сад“ се одржа денеска во Нови Сад, во која од 11:52 до 12:06 часот опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад.
Претставници на опозицијата ја одбележаа и оваа акција во Белград со развиткување на црно платно пред Собранието на Србија и блокирање на сообраќајот.
#novisad stao #14 pic.twitter.com/QcLp6kxWa7
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) November 15, 2024
Собири се одржаа во Нови Сад на Железничката станица, на Плоштадот Слобода и пред Младинскиот театар.
Граѓаните развиорија црно платно во близина на железничката станица. Дел од граѓаните излегоа на терасите и пред своите работни места.
Во Нови Сад, меѓу другите, на акцијата присуствуваа Мариника Тепиќ од ССП, Александар Јовановиќ-Ќута од Еколошкото востание, Срѓан Миливојевиќ од ДС, Миран Погачар од движењето „Браво“, Бранислав Гута Грубачки од „Нов оптимизам“.
Тие носеа 14 црни балони на кои пишуваше „Корупцијата убива“. Малку после 12 часот ги пуштија тие балони во воздух.
Novi Sad pic.twitter.com/VtGzoiSaeD
— Ivana (@IvRadoicic) November 15, 2024
Кон акцијата се приклучија и професори и студенти на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Нови Сад.
Во Белград, пратениците на ЗЛФ, Народното движење на Србија, како и на Движењето на слободни граѓани, исто така, развиорија црно платно пред Собранието на Србија и застанаа.
Потоа излегоа на улица и го блокираа сообраќајот, а во 12:06 часот го деблокираа.
Предавањата на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград беа прекинати во 11:52 часот, а професорите и студентите 14 минути излегоа на платото пред факултетот.