За време на мерењето пред долгоочекуваниот боксерски меч меѓу „челичниот“ Мајк Тајсон (58) и јутјуберот Џејк Пол (27), се случи инцидент кој дополнително ја „запали“ атмосферата – Тајсон му удри шлаканица на Пол.
Тензијата го достигна својот максимум пред борбата која привлече големо внимание кај светската јавност.
Додека едни сметаат дека оваа пресметка била дел од однапред смислена стратегија за промоција на мечот, други сметаат дека Пол всушност го предизвикал Тајсон, наводно газејќи го, што предизвикало реакција кај легендарниот боксер.
MIKE TYSON JUST ROCKED JAKE PAUL IN THEIR FINAL FACE OFF 🤯 pic.twitter.com/XYYQRhNmkj
— Happy Punch (@HappyPunch) November 15, 2024
Обезбедувањето брзо реагираше, а Тајсон се смири и се повлече по првиот удар.
Сите очи сега се вперени во рингот, каде оваа напната приказна ќе се одржи ноќеска (петок кон сабота по европско време) кога публиката ја очекува спектакл и финална размена на тупаници меѓу двајцата борци.