Франција: На судењето на Марин Ле Пен, обвинителството бара пет години затвор

Од:

На судењето на француската политичарка Марин Ле Пен, претседателка на парламентарната група на француската ултрадесничарска партија Национален собир, обвинета за наводно воспоставување „организиран систем“ за пренасочување на јавните средства на штета на Европскиот парламент, француското обвинителство побара казна затвор од пет години, од кои две години условно без можност за одлагање на извршувањето на казната, објавија денеска француските медиуми.

На Ле Пен и се суди пред судот во Париз заедно со уште 24 обвинети лица, а според неа, процесот е започнат со цел да се уништи нејзината партија, пишува дневниот весник Фигаро.

„Постои желба да се уништи партијата“, рече Марин Ле Пен пред Националното собрание, осудувајќи го „насилството и преувеличувањето“ на обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Марин Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Започната е истрага против Марин Ле Пен

Горан Наумовски

Ле Пен: Нашата победа е само одложена

(ВИДЕО) Клучен ден за Франција: Партиите се обединија против крајната десница на Ле Пен

Марин Ле Пен најави нов француски курс на политика кон Украина

Горан Наумовски