ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува непрофесионалното и недолично однесување на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој денеска ја попречувал новинарката од онлајн медиумот „СакамДаКажам.мк“, Соња Делевска, додека ја вршела нејзината професионална работа во Собранието.

Новинарката Делевска, како што известува во дописот до ЗНМ, ја извршувала својата професионална должност и поставувала легитимни прашања до директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Додека Христовски одговарал на прашањата на Делевска, во врска со неговиот сертификат за англиски јазик, пратеникот Ковачки и се обратил со зборовите: „исклучи го микрофончето, снимаш“ и воедно покажувал на нејзиниот телефон.

Делевска го понудила својот телефон на пратеникот, по што тој одбил да го земе и го повикал Христовски да си замине.

Ги повикуваме сите политички претставници да покажат соодветно ниво на почит и конструктивен однос кон медиумите и нивните претставници, да одговараат редовно на нивните прашања, и да се воздржат од какви било форми на притисок и клевети. Потсетуваме дека слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања се основни принципи на демократското општество. Секој обид за попречување, заплашување или дискредитација на новинарите претставува директен напад врз слободата на изразување и транспарентноста на институциите, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници