Денеска од под урнатините гранатиран петкатница во украинскиот град Криви Рог беа извлечени телата на трите деца кои беа убиени во напад на руските сили во понеделникот, пренесува Укринформ.
Според украинската агенција, во нападот загинале вкупно четири лица.
Шефот на регионалната воена администрација Сергеј Лисак првично на мрежата „Телеграм“ објави дека се пронајдени телата на две деца, по што Олександр Вилкул, претседателот на Советот за одбрана објави дека е пронајдено и трето.
Обвинителството на Украина во понеделникот извести дека се повредени осум лица, меѓу кои десетгодишно девојче и единаесетгодишно момче. Во кривичната постапка е поведена предкривична истрага за прекршување на законите и обичаите на војната.