Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Од:

Проекцијата на филмот “Queer” со Даниел Крег во главната улога, кој содржи сцени од геј секс, е забранета во Турција. Локалните власти изјавија дека филмот не може да се прикажува од „безбедносни причини“.

Стриминг платформата Муби потоа одлучи да го откаже Муби Фест Истанбул 2024. Муби исто така наведува дека турските власти само неколку часа пред закажаната проекција им рекле дека “Queer” е забранет со одлука на општина Кадикој.

Во одлуката е наведено дека филмот е забранет поради неговата провокативна содржина која може да го загрози јавниот мир и дека забраната е донесена од безбедносни причини. Од Муби, меѓу другото изјавија:

„Ние веруваме дека оваа забрана е директно ограничување на уметноста и слободата на изразување. Фестивалите ја слават уметноста, културната различност и заедницата, зближувајќи ги луѓето.

Иако хомосексуалноста е легална во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно ги означи членовите на ЛГБТК+ заедницата како „девијантни“ и ги забрани парадите на гордоста.

Филмот “Queer” го режираше Лука Гвадањино. Станува збор за адаптација на истоимениот роман на Вилијам С. Бароуз за американски иселеник во Мексико Сити кој станува опседнат со млад студент.

Покрај Крег, во филмот играат и Лесли Менвил, Џејсон Шварцман, Дру Старки, Дејвид Ловери и други.

Би можело да ве интересира

Вил Смит на новиот албум: Морав да го вратам Оскарот затоа што сум црнец

Предраг Петровиќ

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Марко Бошњак ја коментираше својата сексуална ориентација: „Сакам да живеам отворено и да не се кријам“