Дека натпреварите се местат веќе не е новост.
Натпревар од третата лига на Шведска помеѓу Ескилстуна и Стоксунд е крајно сомнителен. Дури и конечниот резултат, кој гласеше 5:4, предизвика сомнеж, а да не зборуваме за фактот дека се постигнаа три автогола.
Голот за 5:1 дојде како шлаг на тортата.
Голманот на Стоксунд наводно случајно ја промашува топката по додавање на соиграч и потоа паѓа. И тогаш, се разбира, сосема случајно, без никаква провокација, неговиот дефанзивец ја забива топката во сопствената мрежа!
— Pluton (@Pluton45873221) November 8, 2024
Клубот овој автогол го нарече „несреќна комбинација на околности“.