Поранешниот претседател на Остерсунд осуден на три години затвор

Од:

Некогашниот претседател на шведскиот фудбалски клуб Остерсунд, Даниел Киндберг, е прогласен за виновен за корупција и финансиски криминал, па беше осуден на три години затвор.

Киндберг во клупската каса уфрлал многу пари од даночните обврзници, а во криминалната шема учествувале и уште две лица, и три компании. Во едната компанија, стамбена корпорација во општината Остерсунд, Киндберг бил извршен директор.

Додека Киндберг беше претседател на клубот, Остерсунд од аматерски клуб во 2011 година, за четири години го претвори во прволигаш, а во 2017 клубот го освои Купот на Шведска, и играше во Лига Европа, каде стигна до нокаут фазата, пред да биде елиминиран од Арсенал.

Би можело да ве интересира

Шведска сепак без Ибрахимовиќ против Косово и Грција

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ разговараше со селекторот за враќање во шведската репрезентацијата

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: На Шведска и е подобро без Златан

Ана Ололовска

ШФС: Ибрахимовиќ не се враќа во репрезентацијата

Наум Локоски

ВИДЕО: Шведските фудбалери го срушија студиото

Ана Ололовска