(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Од:

Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави на борбените беспилотни летала Шахед-136, кои сега претставуваат многу поголема закана при напади врз згради, објавија украинските медиуми. Како што пренесува „Украинска правда“, постоењето на термобарична боева глава е познато уште од април годинава, но сега повеќето од беспилотните летала кои ги напаѓаат украинските градови се опремени токму со таа муниција.

Деталите за оваа страшна муниција се познати благодарение на хакирањето на серверите во Алабуга, Татарстан, каде се склопуваат и модернизираат овие дронови. Според овие податоци, боевата глава TB BCh-50 има маса од 52,4 кг, што покрај термобарниот ефект има и ефект на фрагментација поради 2306 ударни елементи во вид на топчиња со пречник од 9 мм.

Ова термобарско оружје е модерен модел со едностепен ефект. Претходната генерација на таква муниција имаше акција во две фази – прво го наполни просторот со експлозивна материја, а потоа се активираше. Забележано е и дека термобаричната муниција покажува максимална ефикасност во затворени простори.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски