Ројтерс: Германија ќе ја поддржи Украина и покрај колапсот на владејачката коалиција

Од:

Германија ќе може да и обезбеди на Украина поголем дел од претходно ветените четири милијарди евра, дури и ако буџетот за 2025 година не биде одобрен навреме во услови на колапс на владејачката коалиција, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од буџетската комисија на Бундестагот и неколку други службеници.

Според нив, овие средства може да и се обезбедат на Украина во рамките на привременото управување со буџетот, доколку самиот буџет не биде усвоен.

Како што потсетува Ројтерс, според нацрт-буџетот на Германија за 2025 година, Берлин ја намали помошта за Киев на четири милијарди евра од околу осум милијарди евра во 2024 година.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во средата го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, лидер на Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, поради спор околу економската и финансиската политика.

Линднер предложи коалициските партнери да се договорат за одржување на вонредни парламентарни избори во земјата на почетокот на 2025 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија