МВР: Државни службеници незаконски издавале македонски изводи на странци

Од:

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против 33 годишниот А.Б. и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, Општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, А.Б. вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги.

Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет.

А.С. вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство по основ на потекло

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

И покрај реформите, за германски пасош се чека и по една година

A1on

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Турци и кинези нелегално работеле во Македонија – Приведени пет странски работници

Шкриељ: Го решивме долгогодишниот проблем на лицата без документи