Грег Попович се повлекува од клупата на Сан Антонио поради здравствени проблеми

Од:

Легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович го изненади кошаркарскиот свет бидејќи по долго време нема да води тим од НБА од клупата поради здравствени проблеми.

Познатиот НБА инсајдер Шемс Чарнија откри дека Попович на клупата ќе го замени помошникот Мич Џонсон, а времето на враќање на славниот тренер не е познато.

Чарнија не прецизираше точно какви здравствени проблеми има Попович, поради што кошаркарската јавност е загрижена.

Откако не отпатува со тимот за натпреварот против Клиперс во Лос Анџелес, се зголеми неизвесноста околу враќањето на Грег Попович на клупата на Спарс. Оваа ситуација го остава тимот во неизвесност, додека навивачите и љубителите на кошарката ширум светот се надеваат на брзо закрепнување на легендата на НБА.

Грег Попович е рекордер во НБА со 1.390 победи и уште 170 победи во плејофот, додека освои пет титули во НБА.

Славниот тренер е во својата 29-та сезона и сите 29 ги помина во Сан Антонио, оставајќи неизбришлива трага во историјата на клубот и лигата.

Тоа што Шемс Чарнија не ја прецизираше природата на здравствените проблеми на Поповиќ дополнително ја вознемири кошаркарската јавност.

Би можело да ве интересира

Грег Попович доживеа мозочен удар

Грег Попович стана првиот тренер во историјата кој бил 2 000 натпревари на чело на еден тим

А1он

НБА: Сан Антонио ќе го пропушти плејофот, за првпат во новиот милениум

Жарко Настоски

Поповиќ остана верен на себе и го пофали Ѓорѓевиќ, но не му одговори

Виктор Јованов