Го препознав татко ми по часовникот, никогаш не го вадеше од рака – сведоштво за Вукашин кој загина во несреќата во Нови Сад

Од:

Го препознав татко ми по часовникот! Никогаш не го вадеше од себе, само така можев да го идентификувам на Патологија.

Со овие потресни зборови ја започнал својата болна исповед Бојан Раковиќ, синот на Вукашин Раковиќ (69) од Буковац, кој загина во петокот кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. На тој ден пензионерот Вукашин отишол да ја посети својата ќерка која живее во Каќ, пишува српски „Курир“.

– Седеше на клупата, читаше весник и чекаше автобус. Тато седеше под настрешницата и наеднаш сè падна. На него паднаа тони бетон – раскажува Бојан со солзи во очите.

Тој додава дека не спиел од петокот, но дека мора да издржи.

– Не снајде голема трагедија. Она што го чувствуваме во моментов не може да се опише со зборови. Вукашин имаше три ќерки и јас, тој имаше седум внуци, јас добив ќерка пред само два месеци. Го чекаше и осмото внуче, но не го доби – рече тој.

– Слушнав дека имало несреќа околу пладне, а два часа подоцна дознав дека тато починал. Бев во автобусот кога ме повика полиција. Излегов, ме чекаше патролата. Тројца полицајци, беа љубезни и ми изразија сочувство – рече Бојан, а потоа додаде дека ја видел целата снимка од паѓањето на настрешницата и дека не можел да поверува како сè паднало во секунда.

Тој потоа го објаснил хорор филмот во кој се нашол, кога отишол во Институтот за судска медицина во Нови Сад за да го идентификува својот татко.

-Верувајте ми, тоа што го видов таму не може да се опише, објасни… Сите семејства на жртвите дојдоа во исто време во саботата да ги препознаат своите најблиски. Одам низ ходникот. Тоа е еден вид студ, не знам, такво чувство. Никогаш не знаеш што ќе најдеш. Татко ми беше во собата број пет, и додека одев низ ходникот кон таа соба, со аголот на моето око видов во собата број три – тело на дете. Боже, каква тага. Она што го видов е… – вели Бојан со треперлив глас додека ги брише солзите.

– Ништо не остана од нив, ништо! Го препознав татко ми по часовникот, тоа е единственото нешто што можев да го препознаам. Ја видов главата, тоа е тој, го видов како лежи покриен.

Со грутка во грлото Бојан кажал татко му Вукашин бил тешко болен.

– Одеше на хемотерапија и се бореше, а потоа заврши вака – рече тој

Би можело да ве интересира

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Сигурен сум дека надлежните органи ќе утврдат кој е кривично одговорен

Гујон: Мора да се најдат виновниците за падот на настрешницата во Нови Сад

Горан Наумовски

Туркулов: Повредените oд несреќата во Нови Сад се уште се во животна опасност

Горан Наумовски

ВИДЕО: Протести во Белград, се бара одговорност за несреќата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Потресно сведошто на спасител: Сите плачевме кога завршивме со извлекувањето на жртвите во Нови Сад

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата

Катерина Ѓуровски