Почина Квинси Џонс

Од:

Познатиот музичар, продуцент и актер, Квинси Џонс, почина на 91-годишна возраст.

Актерот почина во неделата вечерта, во својот дом во Лос Анџелес, опкружен со семејството.

Квинси е роден во 1933 година во Чикаго и многу рано покажа талент за музика, свирејќи труба и пијано како тинејџер. Кариерата ја започна како џез музичар, но набрзо неговата работа се прошири и на продуцентската работа, па како продуцент и аранжер промовираше иновативни идеи за подобрување на секој проект на кој работеше. Џонс работеше на најпродаваниот албум на Мајкл Џексон „Thriller“ и „We Are the World“, глобален хит снимен за хуманитарна помош во Африка. Тоа му донесе светска слава и безброј признанија и награди.

Неговата работа не застана само на музиката. Покрај работата на тоа поле, Квинси Џонс беше активен и во филмската индустрија како композитор и продуцент на филмски партитури. Неговите композиции можеа да се слушнат во класици како што е филмот „The Color Purple“, за кој беше номиниран за Оскар. Тој исто така беше пионер во промовирањето на афро-американските таленти во светот на забавата.

Неговата кариера траеше 70 години. Со вкупно 28 победи на Греми и импресивен број од 80 номинации, Квинси Џонс ќе влезе како еден од најнаградуваните уметници во музичката историја. Неговата љубов, страст и талент за музиката ќе остави неизбришлива трага и ќе инспирира нови генерации музичари и уметници ширум светот.

Би можело да ве интересира

Почина писателката Оливера Николова

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски

43-годишна жена починала во просторија за преглед во болницата „8 Септември“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лијам Пајн пронајден мртов, пејачот на „One Direction“ паднал од зграда во Аргентина

Катерина Ѓуровски

Во ЗОО Скопје почина лавот Жика на 16-годишна возраст