Срамен потег викендов изведе 36-годишниот десен дефанзивец, легендата на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Марсело.
Веднаш му беше раскинат договорот со неговиот матичен клуб Флуминенсе, во кој се врати пред година и пол.
Причината? Тој влезе во вербален конфликт со својот тренер Ман Менезес и тоа на сред меч.
На натпреварот помеѓу Флуминенсе и Крузеиро во моментот кога домашните имаа предност од 2:1, Марсело требаше да влезе на теренот како замена.
Сепак, непосредно пред влегувањето Марсело и тренерот Менезес влегоа во расправија, па овој го врати на клупата.
Според некои информации, на Марсело не му се допаднало тоа што тренерот Менезес го допирал додека му објаснувал тактики на теренот. Марсело му се внел в лице и му рекол да не зборува со него…
O mano Menezes fez com o Marcelo o que o mesmo costuma fazer com as crianças… gostei muito, parabéns mano Menezes, eu passo pano.
A soberba precede a queda.
Passou vergonha Marcelo. pic.twitter.com/aX7N4g3TdY— Rodrigo Henrique 🔴⚫ (@Rodrigo67010057) November 2, 2024
Раководството на славниот бразилски клуб немаше ниту трпение, ниту милост, ниту волја евентуално да го сослуша Марсело, веднаш му беше врачено откажување на договорот кој и онака требаше да истече на 31 декември годинава.
На шест кола пред крајот на бразилското првенство, Флуминенсе ќе мора да остане без Марсело, кој дојде во клубот во 2002 година, кога имаше само 14 години.
Оттаму, пет години подоцна се пресели во Реал, каде играше се до 2022 година, а потоа се врати дома по една сезона мината во грчки Олимпијакос.
Не се знае каде ќе оди понатаму и дали воопшто ќе ја продолжи кариерата после ова.