(ФОТО) Србија завиена во црно!

Од:

Во петокот, на 1 ноември, околу 11:50 часот загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Ова е списокот со имињата на сите жртви кои загинаа во страшната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница.

Меѓу жртвите имало и две сестри, кои биле на пат да ги посетат своите баба и дедо, како и едно момче и една девојка кои го чекале автобусот.

Најмладата жртва има само шест години, а од 14 жртви, 13 се од Србија, додека еден маж е од Македонија – пишува „Блиц“.

– Комар Немања (2007) од Степановичево
– Руман Андела (2004) од Стара Пазова
– Ѓорѓе Фириќ (1971) од Ковиље
– Фириќ Валентина (2014) од Ковиље
– Сара Фириќ (2018) од Ковиље
– Милица Адамовиќ (2008) од Каќ
– Милева Карановиќ (1948) од Каќ
– Арбутина Ќириќ Сања (1989) од Каќ
– Хрка Стефан (1997) од Белград
– Милосављевиќ Милош (2003) од Кничанин
– Швоња Ѓуро (1947) од Степановичево
– Раковиќ Вукашин (1955) од Буковац
– Васко Саздовски (1979) од Македонија
– Раца Горанка (1966) од Нови Сад

Вчерашната трагедија во која загинаа дури 14 лица е најголемата несреќа што го погоди Нови Сад во 21 век.

Првата голема трагедија се случи на 17 февруари 2008 година, кога осум млади луѓе загинаа во пожар во клубот Lounge.

Четири години подоцна, на 1 април 2012 година, во пожар во дискотеката Контраст загинаа шест млади лица, а во пожар што се случи на 23 април годинава загина и шестчлено семејство, татко, мајка и четири деца.

Би можело да ве интересира

30-дневен притвор за поранешниот српски министер Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Мајката на починатата Ангела: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Весиќ: Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицијата

Катерина Ѓуровски

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Томислав Момировиќ и Јелена Танасковиќ поднесоа оставки