„Што ти е животот, седиш на клупа чекаш воз, а не знаеш дека ова е твое…“ – поради овие зборови плаче цела Србија

Од:

Денеска во Србија е Ден на жалост поради трагичната смрт на 14 лица откако падна дел од старата настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Во таа прилика уште три лица се тешко повредени.

Од синоќа граѓаните ширум Србија палат свеќи на плоштадите, оддавајќи им почит на трагичните жртви.

Цела Србија остана без зборови, но и обединета, бидејќи по апелот на Новосадскиот завод за трансфузија да дарува крв за повредените, не само Нови Сад, туку и цела Србија чекаше да дарува крв!

– Што ти е животот? Седиш на клупата. Го чекаш возот. Тој те вози на работа, на факс во друг град. Те носи дома кај твоите родители. Да ги видиш, да ја јадеш сармата на мама затоа што е најдобрата. Те вози до кај девојката во која си до уши заљубен. И таа во тебе. И едвај те чека… А не знаеш дека ова ти е последна станица – ова се зборовите кои од вчера кружат на социјалните мрежи.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ синоќа изјави дека акцијата за спасување во Нови Сад е завршена и дека конечниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени.

– Заврши спасувачката акција во Нови Сад. Дефинитивниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени – изјави министерот Дачиќ.

Просторот околу Железничката станица е расчистен, а работниците од „Паркинг сервисот“ поставија заштитна ограда околу делот каде што се случи падот.

Би можело да ве интересира

30-дневен притвор за поранешниот српски министер Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Мајката на починатата Ангела: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Весиќ: Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицијата

Катерина Ѓуровски

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Томислав Момировиќ и Јелена Танасковиќ поднесоа оставки