Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Од:

Почина новинарот, водител и естрадно лице, Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Тој подолго време се бореше со карцином. Веста ја соопшти неговиот близок пријател Стефан Лазаров.

За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите, објави Лазаров.

„Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.

Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“, објави тој.

За Василевски беа потребни средства за лекување, беше организирана и акција, по што беа собрани парите.

Би можело да ве интересира

Почина славниот актер Вал Килмер

Горан Наумовски

Почина Ричард Чембрлен

Катерина Ѓуровски

Почина боксерската легенда Џорџ Форман

Катерина Ѓуровски

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков

Во болница почина затвореник од „Идризово“